Исклучувања на струја утре во Скопје - на овие места ќе бидат екипите на ЕВН

Од 8.30 до 10 часот утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците лоцирани на улиците „Благоја Стефковски“, „Франц Лист“ и „Петре Фили“ во општина Гази Баба. 

Во периодот од 9 до 14 часот без струја ќе бидат дел од улиците „Индира Ганди“ и „Гал“ во Шуто Оризари. 

Од 8 до 14.30 часот електрична енергија ќе немаат и дел од жителите од село Раштак, а од 10 до 14 часот жителите од населбите Илинден и Дрма, како и Мралински Мост, Млекара Битола, Монпласт и Жито Алтан во општина Илинден. 

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекините се заради технички зафати во електросистемот.

 

 

Оцени ја веста

01.07.2015 - 10:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега