Млада девојка се фрли од 4 кат од хотел во Гостивар
Помладо женско лице е тешко повредено по пад од четврти кат од хотел во Гостивар. Во моментов таа се бори за живот откако итно е префрлена на скопските клиники.
Во гостиварската полициска станица утрово околу 8 часот било пријавено дека во хотелот „Елита“ во центарот на градот имало несреќен случај, по што нивни екипи излегле на терен. Во моментов трае увид на местото што го води јавен обвинител и екипи на СВР Тетово.
Првично и неофицијално станува збор за 23 годишна жена од Тетовско, која од вчера е пријавена за исчезната. Мотивите и причините кои довеле до несреќата сé уште не се познати.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа