Познат ММА борец силуваше 14-годишно девојче

Познатиот хрватски ММА борец (21), чие име не се споменува, осуден е во судот во Загрев на две години затвор затоа што силувал 14 -годишно девојче. 

За потсетување, ММА борецот во март мината година во својот стан во јужниот дел на Загреб го силувал девојчето, која му рекла дека има 16 година. Таа дошла во неговиот стан да и позајми пари. Хрватскиот борец потоа го натерал девојчето да се соблече и ја силувал. 

Силуваната девојка е од богато семејство, која минатата година стана жртва на уцените на своите пријатели. Тие наводно ја сликале како со нив пуши марихуана, потоа од неа барале пари ако не сака да ги објават сликите  и да не дознаат нејзините родители. 

Девојката крадела пари од сефот на својот татко, а на уценувачите им дала преку 400.000 куни. Татко и дури ангажирал и приватен детектив кога приметил дека му недостасуваат пари, но не му успеало да открие кој е крадецот. 

Случајот бил разрешен кога еден пријател на девојчето го повикал нејзиниот татко и му кажал дека неговата ќерка ја уценуваат. Уценувачите се уапсени и против нив  е покренета постапка, но во текот на истрагата откриле дека девојчето е силувано. 

Уценувачите и рекле на девојчето дека парите ќе ги добие ако имала сексуален однос со ММА борецот и и порачале да го контактира преку Фејсбук. Таа кога отишла кај ММА борецот не скакал да има однос со него но тој ја силувал, не скала да го пријави овој случај бидејќи се плашела, но затоа нејзината пријателка кажала и силувачот бил уапсен

 

 

Оцени ја веста

01.07.2015 - 11:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега