Тито Петковски удри по СДСМ: Заев го губи кредибилитетот

Вистински хаос владее во опозициските редови. Како што се наближува датумот кој лидерите го договорија за идните предвремени парламентарни избори, на Бихаќка атмосферата почнува да зоврива.
Вчера доцна попладнето, медиумите под контрола на опозицијата добија налог да објават информација дека траат тајни преговори на кои, како што напишаа тие, паднал договор, Груевски да се повлече во јануари а од ноември СДСМ да добие надзор над работата во неколку министерства.
Информацијата експресно ја споделија сите медиуми платени од СОРОС.
Утрово, во веќе познатиот стил, СДСМ ја демантираше информацијата која вчера инсистираше да биде објавена.

„Преговарачкиот процес тече во рамките кои се познати, бидејќи раководството одлучи да им даде шанса на преговорите уште неколку дена. Од тие рамки не е излезено и немало никакви тајни средби - тврди неименуван извор за соросовиот Плусинфо

 

Ваквата пракса на „себедемантирање“ не е ништо ново во политиките на СДСМ. Јавноста памети серија ситуации во кои СДСМ првично лиферува една информација а потоа истата ја демантира.

Демантот дојде откако информацијата за некаков договор со власта предизвика бура незадоволство пред се кај соросовото крило но и кај некои коалициски партнери.
Лидерот на НСДП, Тито Петковски и јавно го осуди договорот коментирајќи дека Заев го Губи кредибилитетот.

„Дефинитивно Заев го губи кредибилитетот на тие евентуални средби. Ако тој предлог навистина постои, тој е неприфатлив. Предлогот не е никаков придонес во решавање на политичката криза бидејќи и сега според нашиот Устав три месеци пред избори владата врши само технички работи. Груевски до сега ова никогаш не го почитувал нема никаква гаранција зошто сега би го почитувал. Во овој предлог нема ништо што Груевски жртвува, само се колне дека ќе го почитува Уставот“ - вели Петковски за Плусинфо.

Од ВМРО-ДПМНЕ се уште нема никаква информација во вид на потврда или демант.

 

 

Оцени ја веста

01.07.2015 - 12:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега