Бугарија купува нови борбени авиони

Бугарија денеска објави дека сака да купи борбени авиони, за да ја обнови флотата, поради високите тензии кои постојат меѓу НАТО и Русија околу украинскиот конфликт, јави Танјуг.

- Бугарската Влада поради тоа се обрати на Белгија, Холандија, Грција и други земји кои произведуваат или поседуваат авиони, изјави министерот за одбрана Николај Ненчев.

Бугарија и другите поранешни комунистички земји кои се сега во НАТО и ЕУ, се вознемирени поради руската анексија на Крим и поддршката на сепаратистите на истокот на Украина.

Ненчев рече дека Бугарија била на праг на потпишување на договор со Полска за модернизирање на својата флота која се состои од стари советски борбени авиони МИГ-29.

Министерот најави дека очекува дека договорот ќе биде потпишан овој или следниот месец, со што ќе добие два нови или четири поправени авиони. 

 

 

Оцени ја веста

01.07.2015 - 16:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега