Ципрас повика Грците да заокружат „НЕ“ на референдумот во недела

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска во обраќање кон нацијата изјавил дека сака да ги продолжи преговорите со кредиторите и земјата да остане во еврозоната. - Референдумот не го засега членството на Грција во еврозоната и тоа членство никој не може да го стави под сомнение, потенцирал Ципрас, а пренесува БТА „Не“ на референдумот во недела, вели тој, не значи заминување од Европа и ги повика гласачите да заокружат „не“ заради подобар договор со кредиторите. Во обраќање кон нацијата премиерот рекол дека ако грчката Влада добие позитивен одговор од кредиторите на предлозите, таа неодложно ќе реагира. - Преговорите со кредиторите ќе продолжат по референдумот. Одржувањето референдум за прифаќање на условите на кредиторите има за цел да бидат избегнати ризиците за земјата, додал тој.

 

 

Оцени ја веста

01.07.2015 - 18:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега