Ќе се санираат и реконструираат 30 средни и основни училишта

Интензивни градежни активности за подобрување на инфраструктурните услови во училиштата, ќе го обележат и овој летен распуст. Заменик министерот за образование Спиро Ристовски информира дека учениците од 30 основни и средни училишта во петнаесет општини во земјава, први септември ќе го дочекаат во комплетно санирани училишни објекти. -Веќе од денеска за седум училишни објекти за седум општини се врши воведување во работа на компанијата која што ќе треба да изврши реконструкција и санација на овие објекти. А истовремено од пред два дена е распишан и тендерот за реконструкција на дополнителни 23 улилишта, со што во текот на летниот период очекуваме околу 30-на училишни објекти во различни општини да бидат темелно реконструирани, изјави Ристовски за Канал 5. Реконструкцијата и санацијата на училиштата се одвива во рамки на проектот со Банката за развој на Советот на Европа која за оваа намена одвои околу три милиони евра. Досега за 140 илјади ученици од основното и од средното образование се подобрени училишните услови, што го потврдува фактот, вели Ристовски, што покрај за квалитетот на образованието оваа влада се грижи и за подобрување на условите во училиштата. Ристовски најави дека инвестирањата ќе продолжат и во иднина зашто од деведесеттите до 2006-тата, во оваа сфера, не било направено речиси ништо.

 

 

Оцени ја веста

01.07.2015 - 19:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега