Косовската полиција на највисок степен на мобилност

Косовската полиција го подигна нивото на мобилност на највисок степен, активрајќи ја цивилната полиција, чија задача е идентификација на опасните елементи, јави порталот Лајми.нет. Освен мобилизацијата во сите градови во земјата косовската полиција добила наредба за зголемување на будноста околу државните објекти, како што се Парламентот, Владата, претседателката резиденција и Министерствата. Полициските работници имаат наредба да контролираат секое возило кое влегува во дворот на овие институции. - Бидејќи постојат сомненија дека нападот би бил на место каде има поголема маса на луѓе, одложена е веќе традицоналната манифестација која во Косово се организира на 4 јули, по повод денот на независноста на САД, за која беше предвиден голем концерт во центарот на Приштина. Државните институции стравуваат дека овој концерт може да биде „привлечен“ за џихадистите, бидејќи собира многу народ а одбележува и најзначаен ден за САД, - наведува порталот. Мобилноста на косовската полиција е воочлива поради мерките кои се преземени, меѓу другото, за разлика од пред некој ден полицајците ги има насекаде а згора на тоа на себе имаат и паницири. По објавеното видео од страна на ИД, преку кое џихадисти Албанци и Босанци се закануваат со терористички напади во Балканот, според висок полициски функционер безбедосните сили на Косово имаат информации врз основа на кои се оценува дека џихадистите Албанци чија база е во Сирија и Ирак, во координација до нивните соработници во Косово, Македонија, Албанија и други земји во регионот подготвуваат многу терористички напади, пишува Лајми нет.

 

 

Оцени ја веста

01.07.2015 - 22:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега