Оливер Стојанов до Владимир Лазаревиќ: Газиш преку се и сешто за да дојдеш до целта, а целта се парите

Значи не постои некој од твоето најблиско опкружување кој не ја почувствувал на своја кожа твојата бескрупулозност,исфрустрираност од се и сешто,умислена лажна големина,немање чувство за другиот,газење преку секого само да се дојде до целта а целта се парите.Каде се парите таму си ти!И во твојот приватен живот битни се само тие што имаат пари и ништо друго.Другарите како мене немаат никакво значење за тебе.Јас ти служев само кога ти требам за да ти завршам некоја работа,да ме искористиш и толку. Ова е само дел од потресниот ФБ статус на Оливер Стојанов, досегашен бизок пријател на Владимир Лазаревиќ, дел од таканаречената „Амстердамска тројка“ и еден од иницијаторите на граѓанското движење „Има иднина“.

Во продолжение ФБ статусот на Оливер Стојанов

 

Збогум Владимир Лазаревик

Со растреперена душа и скршено срце ги пишувам овие редови Владо.
Па зарем после 40 години другарство го заслужив сето ова што ме снајде во последниве два месеци?
Јас најискрено влегов во една иницијатива за која мислев дека може да успее и да и ги донесе на Македонија неопходните општествени промени.Но што се случи? Со секој одминат ден твоето избрзување на работите поради суштинско непознавање на политиката,желбата за медиумско експонирање по секоја цена,некоординираноста,твојата неможност да се справиш со своето его кое не дозволува никој друг освен тебе да каже нешто и да реализира ако тоа е добро,а ти не си го предложил ми носеше само стресови кои од ден на ден стануваа се посериозни за да на 12.06 завршам во ургентен центар.

И покрај тоа што се договоривме за најминимална плата која срам ми е да ја напишам и здравствено неосигуран да работам,кога ми беше најпотребно кога бев во болница ти и таа одби да ми ја исплатиш со зборовите „Што тоа ти си направил за да јас тебе ти должам нешто,некаква плата?Па имаш ли душа ти?„Најдобриот другар“ да го оставиш во болница на инфузија без заработените минимални пари кои ми требаат за болничко лекување,храна и лекови?Па зар можеш две недели да не се прашаш дали и како сум го платил лекувањето кое сеуште не е завршено?Зар не ти е срам да ми праќаш пораки дека не ти е јасно каде сум и зошто сум се изгубил?Дали знаеш дека ослабнав 10 килограми за овие два месеца или тоа не е важно,важна е твојата нова изјава каде си ги „растурил“ соговорниците?
И покрај тоа што знаеше каде сум и зошто сум таму не ми се ни јави да ме прашаш барем човечки како си Оли?Напротив ми испрати порака со зборовите:„Разочаран сум од твојот однос кон мене,сега кога имаме работа ти се правиш болен?
Срамно,јадно,жално немам зборови со кои можам да опишам како се чувствувам додека ги пишувам овие редови Владо.Но познавајќи те тебе толку долго мора да признаам и не се изненадив премногу

Твоја идеја водилка сите овие години особено откако на мое барање ти беше овозможен влез во ВМРО ДПМНЕ преку господинот Александар Коцарев беа пари,пари и само пари.Првата твоја изјава по победата 1998 година беше:„Леле фондот за здравство тежи 400 милиони марки па минимум ќе направиме 10 милиона!“.Се засрамив кога го чув ова на што Коцарев ми кажа:„Со овие луѓе ли Оли ќе ја градиме Mакедонија уште невлезени во влада почнаа да ги распределуваат тендерите?“

Не сакам да одам понатаму и да вадам јавно и други твои „историски“ изјави,сакам да се задржам на твојата личност и карактер.Значи не постои некој од твоето најблиско опкружување кој не ја почувствувал на своја кожа твојата бескрупулозност,исфрустрираност од се и сешто,умислена лажна големина,немање чувство за другиот,газење преку секого само да се дојде до целта а целта се парите.Каде се парите таму си ти!И во твојот приватен живот битни се само тие што имаат пари и ништо друго.Другарите како мене немаат никакво значење за тебе.Јас ти служев само кога ти требам за да ти завршам некоја работа,да ме искористиш и толку.Штом некој ќе кажеше некој добар збор за мене твоето его не можеше да се контролира и следеа безброј навреди,омаловажувања со најодвратни зборови,непочитување и лаги изречени на моја сметка се со цел да го убедиш соговорникот дека јас сум никој и ништо во твојот вредносен систем а ти си секаде најглавниот,најпаметниот,најинтелигентниот а всушност си толку празен!Само во твојата глава може да си најдобриот и никаде на друго место!Кога влеговме со оваа идеја јас ти кажав дека не сакам да ми се споменува името и мојата слика дека целото мое познавање на политиката ќе го ставам во твоја функција бидејќи јас немам проблем со егото.Предложив и екипа на луѓе да донесам бидејќи за разлика од тебе јас никогаш не мислам дека сум најпаметен туку напротив секогаш барам луѓе кои ќе ми укажат на проблемот од нивен агол.Но не,ти не можеш да издржиш соработник кој знае повеќе од тебе за некое прашање,тој мора да биде понижен или брутално елиминиран за да му се покаже каде му е местото и кој е „главен“.Ти сакаш да бидеш опкружен со луѓе кои ќе ти се воодушевуваат и слепо ќе те слушаат.Значи една султан партија да замениме со нова,само султанот да бидеш ти!

Ова мое последно обраќање до тебе сакам да го сфатиш како мој последен обид откако пропаднаа сите во последниве години да разбудам барем една човечка вредност во тебе.Владо,жал ми е но ти си НАЈСИРОМАШНИОТ човек кого го познавам.Ти немаш една човечка карактеристика,го имаш само твоето его и желбата за пари,моќ и слава.Ти си патолошки опседнат со производство на вести и појавување во медиумите по секоја цена.И по ова прашање се обидов да помогнам.Да оформам служба за односи со јавност која ќе се грижи за твоите јавни настапи да покажеме сериозност,ти напишав како ќе изгледа,како ќе биде организирана,но залудно кога тоа ти не си го напишал,ти не можеш да го прифатиш особено кога е квалитетно.
Големите луѓе помагаат кога е тешко и простуваат кога ќе им згрешат!Големината и богатството на еден човек не се мери квантитативно,не е сметка во банка,имот,јахта.Богатството е чистата чесна душа и доброто срце,љубовта кон другите луѓе,почитувањето,подадената рака кон секого на кого му треба Владо
.
Жал ми е,но веќе не можам да ги трпам твоите навреди,омаловажувања,понижувања,одвратни зборови се со цел да ја покажеш својата супериорност на полето на политиката каде за жал ја немаш.Наместо да го искористиш моето знаење и на другите луѓе кои го понудија,ти напротив се правиш обратно на своја штета и секој ден покажуваш колку не знаеш.Во ред тоа е твој избор.Искрено се надевам дека барем малку успеав да допрам до тебе.Еве на крај и покрај се што доживеав од тебе ти простувам човечки.

Твојот најискрен другар што некогаш си го имал, Оли

 

 

 

Оцени ја веста

01.07.2015 - 22:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега