Дискусија во кампот на чуварите на демократијата на тема „Поволностите за младите во Република Македонија”

Во кампот на чуварите на демократијата, УМС на ВМРО – ДПМНЕ организираше дискусија на тема „Поволностите за младите во Република Македонија”. Дискусијата со свои излагања ја водеа Оливер Пап– претседател на комисијата за образование на УМС и Маја Славева член на клубот на политиколози на УМС. Во своето излагање Оливер Пап направи компарација на состојбите во македонското образование од пред 10-тина години и денес и ги потенцираше проектите на Владата за бесплатни учебници, задолжително и бесплатно средно образование, проектот 1000 книги, намалената партиципација за 50% на државните факултети, стипендии за втор и трет циклус за студенти од семејства со социјален ризик, отворање на УГД и дисперзираните студии, изградба на нова зграда на СД Стив Наумов, започната реконструкција на СД Гоце Делчев и останати проекти и инфрастуктирни вложувања кои го подобруваат македонското образование.

Маја Славева во своето излагање ги истакна проектите во областа за вработување на младите и предностите за работодавачите кои ќе вработат млади до 29 години, како и можноста за самовработување со неповрататни средства или со поволни кредити од државата за стартување на сопствен бизнис.

 

 

Оцени ја веста

01.07.2015 - 23:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега