Доаѓа топол бран - какви вести носат метеоролозите

Времето  во Македонија ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од девет до 17 степени,  а дневната од 25 до 32 степена.  

Во Скопје слично време, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.  Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 29 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 8.

И натаму следува период на претежно стабилно и потопло време, со слаб до умерен северен ветер, а температурите ќе бидат без поголеми промени. 

 

 

Оцени ја веста

02.07.2015 - 09:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега