Деветмина повредени на скопските улици

Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 15 сообраќајни незгоди. Од нив, осум се со последица материјална штета и пет се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило, тројца пешаци и еден возач на мотоцикл.

Се случиле и две незгоди со последица тешка телесна повреда во кои со тешки телесни повреди се здобиле еден велосипедист и еден сопатник, а со полесни двајца сопатници.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 29 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин. Од нив, на 17 покрај поканата за наплата на глоба, издадена им е и покана за сообраќајна поука, осум возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото, пет возачи не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, односно не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, како и пет возачи кои со возилото непрописно престигнувале.

Со помош на специјалното возило „пајак“ вчера од страна на сообраќајната полиција отстранети се 73 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

 

 

 

 

Оцени ја веста

02.07.2015 - 09:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега