Проверете дали ќе останете без електрична енергија

ЕВН Македонија АД информира дека утре (03.07.2015) без електрична енергија во периодот од 08.00 до 14.30 часот ќе останат дел од корисниците од село Раштак, а од 08.15 до 13.00 часот корисниците од улица „Тодор Чангов“ во општина Аеродром.

Во периодот од 08.30 до 15.00 часот, струја ќе нема и дел од село Љубош, а од 09.30 до 12.30 часот корисниците на бул. „Македонско-косовска бригада“ - подулици бр.10, 28, 42, 48 и 50, во општина Чаир.

Без електрична енергија од 10.00 до 12.00 часот ќе останат и корисниците на улица „Коста Новаковиќ“ бр.20 и 22, како и објектот на воениот хотел Борец во општина Аеродром, а во периодот од 13.00 до 15.00 часот дел од потрошувачите на на улица „Миле Поп Јорданов“ во општина Карпош.

 

 

Оцени ја веста

02.07.2015 - 11:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега