Крвав инцидент во слаткарница во Тетово

 

27-годишните Х.Е. и Г.З. од Тетово и 24-годишниот Л.А. и две години помладиот Љ.А. од Мала Речица заедно со 40-годишниот З.Ј. си заработија кривична за насилство.

Според податоците од полицијата, тие на 21.05. околу 21 часот во селото Мала Речица, поточно на улицата Љуботенска, додека биле во слаткарницанајпрво започнале вербална расправија, а потоа и тепачка со 40-годишниот тетовчанец. Во тепачката од остар предмет со убодни рани во пределот на грбот се здобил З.Ј. додека Л.А. се здобил со две убодни рани во пределот на нозете. 

Поради сериозноста на повредите З.Ј. бил примен во Клиничката болница Тетово каде му била укажана лекарска помош.

 

 

Оцени ја веста

02.07.2015 - 12:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега