Извршниот директор на британскиот институт „Вилтон Парк", во дводневна посета на Македонија

На 1-ви и 2-ри јули 2015 година, во дводневна посета на Република Македонија престојуваше извршниот директор на британскиот институт Вилтон Парк, Ричард Бурџ, на покана на Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика при Министерството за надворешни работи на Република Македонија (ИГИНП).

Во рамки на посетата, помеѓу ИГИНП и Вилтон Парк се потпиша Меморандум за соработка.   

Меморандумот го потпишаадиректорот на ИГИНП Абдулкадар Мемеди и директорот на Вилтон Парк, Ричард Бурџ, а гостинот оствари и средба со министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски. Воедно, Бурџ се обрати на тркалезна маса на тема "Улогата на малите земји во асиметричниот свет", во присуство на  претставници од Дипломатскиот кор во Република Македонија, академската јавност и дипломати од висок ранг во Министерството. Настанот го отвори министерот Попоски, кој истакна дека денес не е возможно да се занемари улогата на помалите земји во светскиот поредок во услови на регионалното поврзување и воспоставената соработка на економски и политички план, како и светските трендови на глобализација.

Акцентот на обраќањето на директорот Бурџ беше ставен на трендот на преструктуирање и промена на рамнотежата во светски рамки, за проблемите со кои се соочуваат помалите држави, како и за предностите кои ги имаат во смисла на побрза способност за адаптирање кон немилосрдните промени и предизвици.

slika-3

Министерот Попоски ја искориcти приликата да ја најави и Меѓународната Конференција на тема: "Energy Security and Connectivity in South Eastern Europe", која во заедничка организација помеѓу двата институти е предвидена да се одржи во октомври 2015, во рамки на македонското претседавање со ЦЕИ.

 Вилтон Парк веќе седумдесет години претставува еден од водечките светски центри за дискусија околу најзначајните прашања од меѓународната политика и е еден од најпознатите форуми за глобална размена на искуства и ставови на теми од регионално и глобално значење. Со оваа посета започнува и одбележувањето на 10- годишнината од присуството на Вилтон Парк во Република Македонија. 

 

 

Оцени ја веста

02.07.2015 - 17:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега