Страшна железничка несреќа во Скопје

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 13 сообраќајни незгоди од кои шест се со последица материјална штета и шест се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило, тројца сопатници, еден пешак, еден велосипедист и двајца мотоциклисти.

Се случила и една железничка незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден патник, а двајца машиновозачи се здобиле со полесни повреди.

Во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 15 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото. Седумнаесет возачи не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото, 13 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафорите за пешаци, како и шест возачи на мопеди и на мотоцикли кои не го носеле заштитниот шлем за време на управување со возилото.

Со помош на специјалното возило „пајак“ вчера од страна на сообраќајната полиција отстранети се 71 возило кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

 

 

Оцени ја веста

03.07.2015 - 08:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега