Ахмети: Лидерска средба денеска нема да има

Лидерска средба меѓу претседателите на најголемите политички партии во земјава денеска нема да има. Информацијата официјално ја потврди лидерот на ДУИ, Али Ахмети по средбата со американскиот конгресмен Елиот Енгел во Собранието на РМ.
Ахмети во краток коментар рече дека наскоро ќе следи соопштение.
Медиумите уште од вчера вечерта излегоа со информација дека за денеска е закажана нова лидерска средба, но информацијата немаше потврда од ниту една од политичките партии.

 

 

Оцени ја веста

03.07.2015 - 12:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа