Героски со навреди до граѓаните: Тие се ненормални или корумпирани

Опозицискиот новинар и еден од неформалните советници на опозицискиот лидер Зоран Заев, уредникот на порталот „Плусинфо“ и весникот „Слободен печат“ Бранко Героски на својот ФБ профил распали по граѓаните кои во огромно мнозинство ја поддржуваат владата. За Героски, народот или е ненормален или корумпоран. За него корумпирани се и обичните граѓани, а меѓународниот фактор бил виновен затоа што не мисли како него. -Тие што го поддржуваат Груевски, или се ненормални или се корумпирани. Проблемот е што корумпирани има многу - цели партии, раководства, институции, обични граѓани, напиша Героски. Со ова, Героски практично ги навреди сите граѓани на Република Македонија, а директно над 630.000 граѓани што гласаа за актуелната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ која освои речиси половина милион гласови. Главниот опозициски стратег со ова освен тоа што му испрати на Заев уште еден совет дека Груевски морал да се повлече, тој практично продолжува да ги одработува парите на СОРОС кои го добива, што всушност го прави еден од перјаниците на СДСМ кој е во групата интелектуални рекетари- платеници, кои се корумпирани и одработуваат колку што ќе ги платат. На социјалните мрежи веќе се крена голема прашина околу ваквите навреди на Героски, како и десетици остри коментари против него со барање тој да се извини. Упатените коментираат дека ваквите нервозни реакции се доказ за паранојата која владее во опозицискиот блок и стравот од избори, што се гледа и во однесувањето на Заев кој нелогично уценува и измислува нови услови само колку да избегне да се соочи со народот и да нема избори.

 

 

Оцени ја веста

03.07.2015 - 21:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа