Горан Бреговиќ ја тужи пиварата во Карловац, бара 80.000 евра

Горан Бреговиќ ја тужи пиварницата во Карловац поради неовластено користење на музички дела во промоција на таа трговска марка за време на турнејата во 2007 година. Тој бара отштета од 80.000 евра, поради песните кои тогаш се изведени на дури 15 концерти за време на турнејата „Карловачко лајв“, без негова согласност. Како што наведува „Вечерњи лист“, песните ги изведуваа членови на некогашното „Бело дугме“, Жељко Бебек, Ален Исламовиќ и Младен Војичиќ Тифа. Иако во медиумите претходно беше најавувано дека Бреговиќ ќе поднесе тужба против колегите Бебек, Исламовиќ и Тифа, тужбата не ја насочи против нив, туку против покровителот на турнејата, односно вториот по големина хрватски производител на пиво.

 

 

Оцени ја веста

03.07.2015 - 22:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега