Почина во моментот кога и го закопуваа сопругот и бебето - Јелена е погребана до нејзиното семејство

Трагедиите се нижат една по друга. 36-годишната Јелена Имбра од Србија почина во моментот кога го закопуваа нејизниот маж Владимир и нејзиното шестмесечно бебенце кои загинаа во страшна сообраќајка.

Четиричленото семејство настрада во сообраќајка несреќа, кога на нивниот автомобил налета камион со кој управувал 42-годишен маж, кој сега се наоѓа во притвор. З жал, иако мајката се бореше за живот, замина во смрт и покрај напорите на лекарите, а зад себе ја остави четиригодишната ќерка Уна. 

Владимир за жал почина на лице место, а малото бебенце во Брзата помош веднаш по несреќата. За животот на Јелена докторите се бореа до средата кога таа починала во моментот кога траел погребот на нејзиниот сопруг и нејзиното детенце.

- Ваква трагедија не е запаметена. Ова е голем шок. Почина толку млада, велат блиските низ солзи.

На погребот на Јелена присуствуваа голем број на пријатели и роднини 

 

 

Оцени ја веста

04.07.2015 - 11:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега