Струмичани бараат оставка од Заев и прашуваат каде се 9.800.000 евра и пречистителната станица?

Продолжува незадоволството кај струмичани од негрижата на градоначалникот Зоран Заев.

Група граѓани од Струмица и неколку околни места се собраа пред објектот наменет за пречистителна станица. Наидоа на празна дупка меѓу циглени ѕидови која е само уште еден доказ дека ветувањата на Заев служат само за предизборна кампања.

Граѓаните го прашуваат  Заев каде се обезбедените 9.800.000 евра наменети за пречистителна станица. За последиците од неговата негрижа говорат и еколозите.

precistitelnastr11

-Ние како граѓани нема да престанеме да го потсетуваме на многуте негови неостварени ветувања.  Денес се наоѓаме пред пречистителна станица, објект кој градоначалникот Заев го најавуваше како капитален проект. Заев ветуваше дека проектот ќе се реализира и дека за него има обезбедено пари. Освен изградбата на пречистителна станица, Заев ветуваше дека ќе биде завршена и фазата за избор за набавка на технологии за истата. Како што се гледа, нема пречистителна станица. Заради неизградба на истата квалитетот на живот на граѓаните е во константно опаѓање, а згора на се и парите кои Заев ветуваше дека се обезбедени за реализација на истата е прашање каде завршиле, велат тие.

Струмичани побараа од Заев да се соочи со граѓаните и да поднесе оставка од функцијата. Бараат предвремени локални избори затоа што, како што велат, Струмица заслужува нов градоначалник кој ќе работи за граѓаните на општината.

precistitelna-zz

 

 

Оцени ја веста

04.07.2015 - 16:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега