Отворен конкурсот за „Романијада“ 2015

Издавачката куќа Култура, втора година по ред, распишува конкурс за „Романијада“ наменет за млади неафирмирани книжевни автори од Република Македонија кои имаат дарба за пишување. Романот треба да биде од жанрот драма, трилер, научна фантастика, љубовни, крими или авантура, а ракописите со кои ќе конкурираат не треба да бидат помали од 110 страници.

Конкурсот е отворен до 15 јули, а резултатите ќе бидат соопштени во текот на месец септември 2015 година. Пристигнатите ракописи ќе бидат еволуирани од страна на петочлена комисија.

Целта на овој конкурс е да се поттикне креативната мисла, како и да се дада шанса за промоција на млади автори во Македонија, но и пошироко во регионот. Победникот/чката на Конкурсот склучуваат ексклузивен издавачки договор со Издавачката куќа.

Романите на минатогодишните победници, првонаградената Мариа Јова со романот „Сети се, да ме заборавиш“ и второнаградениот Виктор Петрески со „Од магла на југ до месечина на север“, предизвикаа огромен интерес кај читателската публика во нашата земја. Само за четири месеци по издавањето, безмалку целокупниот тираж на нивните романи е распродаден.

Од Култура информираат и дека во нивната книжарница на Градскиот плоштад  во тек е акцијата „Лето како од книга“ која на читателите им овозможува попусти и до 40% на нивните омилени книги во овој летен период.

 

Оваа година, Издавачката куќа Култура прославува голем јубилеј - 70 години од своето постоење.

 

 

Оцени ја веста

05.07.2015 - 16:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа