Грција кажа „НЕ“ на штедењето - грчкиот министер за финансии поднесе оставка

На вчерашниот референдум во Грција вкупно 61,31 процент од гласачите се изјасниле „не“ за предложените од меѓународните кредитори на Грција услови за реформи, наспроти 38,69 проценти кои гласале „да“, покажуваат конечните резултати, објавени од грчкото Министерство за внатрешни работи. 

Грчките гласачи на вчерашниот референдум одлучуваа дали владата во Атина да го прифати или отфрли предлог договорот, претставен од Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд на седницата на Еврогрупата на 25 јуни.

Денеска грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис поднесе оставка. Варуфакис оставката му ја врачил на премиерот Алексис Ципрас.

Се смета дека неговото повлекување се должи на силниот притисок од своите политички противници за да постигне поповолни услови во преговорите со кредиторите за надминување на грчкиот долг, а, исто така, и на острите написи и лични напади врз него и неговата сопруга, кои, според медиумите, ја прелеале чашата.

 

 

Оцени ја веста

06.07.2015 - 08:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега