Убиства, самоубиства, мрачни тајни - оваа висококатница во центарот на градот е проколната!

Српскиот Курир денеска ја објави сторијата за зграда во Белград која е дефинитивно проколната. Приказната за таткото на две дечиња кој во четвртокот околу 11 часот скокна од висококатницата, ги потресе граѓаните. Она што е пошокантно е фактот дека ова не е прво убиство или самоубиство кое се случува на ова место.

Во оваа зграда пред точно 15 години загина млада девојка која тогаш падна од 10-от спрат. Пензионер се уби сопиштол во својот стан, а младо момче за чудо преживеа пад од осмиот кат. Исто така, станарите една година биле преплашени кога избил голем пожар од кој едвај се спасиле. Исто така, во оваа зграда живее и семејството Пренковиќ, чија ќеркичка беше киднапирана пред извесно време од француски државјани, по што цела Србија се крена на нозе. 

Дефинитивно станарите сметаа дека е проклета и дека крие во себе мрачна тајна.

 

 

Оцени ја веста

06.07.2015 - 08:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега