Опасно време поради горештините: Половина Македонија во жолта алертна фаза

Денеска во Македонија  ќе биде претежно  сончево, а на планинските предели  со мала до  умерена облачност. 

Ке продолжи да дува слаб до умерен  ветер од северен правец. 

Највисоката дневна температура ќе достигне  од 29 до 36 степени.

УВ индексот ќе има вредност 8.

Во Скопје сончево и топло со слаб до умерен северозападен ветер.

Утринската температура ке се спушти до 16 а дневната ќе достигне до околу 34 степени.

УВ индексот ќе има вредност 8.

Од утре подрачјето на Македонија постепено ќе подпадне под влијание  многу топла воздушна маса  од југозапад , која во наредните 3 до 4 денови ќе предизвика надпросечни топли дневни температури. Особено топло ќе биде  в среда и  четврток. Повеќе ке бидат зафатени северните подрачја на земјава и долж повардарието. На повеќе места температурата  на воздухот  ќе надмине 36 степени а во југоисточниот дел се очекува да достигне до околу 40 степени.

За денеска метеоалармот на европската хидрометеоролошка служба издаде предупредување од жолта фаза кое значи дека времето може да биде опасно

 

 

 

 

Оцени ја веста

06.07.2015 - 11:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа