Изграден нов паркинг во Велес за 168 возила

Градоначалникот Славчо Чадиев денеска изврши увид на локацијата во близина на Мало Мовче, каде што завршија градежните активности за изградба на нов паркинг простор наменет за 168 возила.

Површината на овој паркинг простор изнесува околу 3,660 метри квадратни, а средствата за негова изградба издвоени од општинската каса се три милиони денари, информира за медиумите Дуњамин Мехмед од службата за информирање на општина Велес.

Со пуштањето во употреба се очекува значително да се намали гужвата на автомобили како од левата страна на градот така и од централното градско подрачје на Велес.

 

 

Оцени ја веста

06.07.2015 - 15:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега