Важна вест за возачите - еве каде ќе има прекин во сообраќајот

Поради минирање на патот А2 Кичево – Охрид кај месноста викана Лавчански корита,утре од 16 до 17 часот ќе има прекин во сообраќај во траење од 15 до 20 минути, информира Автомото сојузот на Македонија.

Оттаму посочуваат дека сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по суви коловози, а на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. 

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани - Делчево, Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.

 

 

Оцени ја веста

06.07.2015 - 18:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега