Бесплатна лежалка, 30 денари кафе - Охрид треба да учи од Струга!

Охрид мора да почне да учи од Струга! Ако во Охрид се се наплатува и кафето е дури поскапо и од Скопје, во Струга , односно на дел од  струшките плажи лежалките се гратис со купената пијачка. Езерото е исто,водата е почиста благодарение на реката “ЦРН ДРИМ“ а услугата далеку по квалитетна од било каде во Македонија!

Цена за кревет во приватно сместување е од 250 денари па нагоре и тоа во самиот град на оддалеченост од 150 метри од уредените плажи. Струга е мал град па кола или такси нема да ви треба воопшто , се е на помалку од 15 минути пешачење.За разлика од други места  инциденти  поврзани со странци (туристи) последните 13-14 години воопшто нема, а овој факт Струга ја прави најбезбедно место за летување во државава.

Сите плажи се со интернет покриеност, чисти,уредни а до секоја плажа има и минимаркет па не ке мора да купувате ресторантска храна , денот ке го поминувате како да сте дома , дури и поефтино.

Извор: Сител

 

 

Оцени ја веста

06.07.2015 - 19:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега