Иџе доживеал сообраќајна несреќа во Србија

На враќање од трката во Италија, Игор Стефановски - Иџе и неговиот тим доживеале несреќа во Србија при која возилото значително е оштетено, но за среќа нема повредени. 

„На враќање од трката во Италија Иџе и неговата екипа имале несреќен случај при што куката од комбето се скршила и приколицата заедно со Митсубишито излетале од патот и удриле во банкина. Приколицата била речиси неупотреблива а и колата била доста искршена. Екипата за среќа е добро, освен претрпениот стрес. Инаку среќа во несреќа е што во моментот на несреќата немало возила на лентата за претекнување, па така избегната е поголема несреќа" - стои во соопштението на официјалната фејсбук страница на Иџе.

 

 

Оцени ја веста

06.07.2015 - 22:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега