Го крена Балканот на нозе: Ивана напиша „Не жалете за мене" и исчезна со петгодишниот син

Полицијата во Хрватска интензивно трага по Ивана Фодагич, 29-годишна мајка и нејзиниот 5-годишен син Патрик, од кои нема ниту трага ниту глас. Двајцата исчезнале во неделата во доцните вечерни часови, кога се качиле во нивниот автомобил марка Опел со сина боја и заминале во непознат правец. 

Пред да исчезне, мајката на социјалната мрежа Фејсбук оставила порака која се поврзува со настанот.

- Кога ќе погледнам се, сфаќам дека единствената убава работа во мојот живот е мнашиот син, всушност мојот, со оглед на тоа што ти почна да го приметуваш дека постои пред една година. ЗНам дека сега си изгубен и не знаеш што да правиш, но не се грижи, ќе најдеш некоја флаша, бар тоа знаеш...и ќе се утешиш...Точно е тоа дека на оној на кој ќе му дадеш уште една шанса ќе те уништи до крај, напишала Ивана.

Исто така, таа побара и прошка во пораката.

 

 

 

Оцени ја веста

07.07.2015 - 08:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега