Велосипедист тешко повреден на скопските улици

Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 10 сообраќајни незгоди од кои пет се со последица материјална штета и четири се со последица телесна повреда. Со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило, двајца сопатници, еден пешак, еден велосипедист и еден возач на мопед.

Се случила и една незгода во која со последица тешка телесна се здобил еден велосипедист.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 19 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото, седум возачи кои поминале на црвено свело и шест возачи кои не отстапиле предност на минување на пешаци на обележан пешачки премин. Санкционирани се и 15 возачи на мопеди и мотоцикли и шест пешаци кои сториле прекршок по различни основи.

Со помош на специјалното возило „пајак“ вчера од страна на сообраќајната полиција отстранети се 59 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива. 

 

 

Оцени ја веста

07.07.2015 - 08:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега