Гореше нискостеблеста шума - пожарникарите седум часа се бореа со пламените јазици

Кумановските пожарникари вчера речиси седум часа го локализираа пожарот на нискостеблестата шума и трева на површина од 20-тина хектари на регионалниот пат Куманово-Свети Николе во близина на Искрин мост, од десната страна кон село Орашац, откако пожарот бил пријавен во 13 часот и 35 минути, а петте пожарникари со една цистерна успеале  да го локализираат во 20 часот и10 минути.
 
Причината за пожарот и материјалната штета што е предизвикана се уште не се познати.
 
Командирот на Територијалната противпожарна единица, Дејан Илиевски, денеска изјави дека станува збор за деветта интервенција на пожарникарите од почетокот на овој месец.
 

 

Оцени ја веста

07.07.2015 - 09:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега