Kоњаниците ќе почнат со подготовката за илинденскиот марш

Коњаниците кои оваа година ќе учествуваат во 37-от традиционален коњички марш по повод македонскиот национален празник Илинден официјално ќе ги почнат своите интензивни тренинзи од понеделник покрај кејот на реката Вардар.

„Илинденскиот марш 2015“ што го организира Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“, на кој ќе учествуваат коњаници од различна возраст, односно од 15 до 60 години, ќе стартува на 27-ми јули од паркот „Јане Сандански“ во Општина Аеродром, а ќе заврши на 2-ри август во Крушево.

Општина Аеродром традиционално го поддржува коњичкиот марш повеќе години наназад и ќе продолжи и натаму да ја негува традицијата, бидејќи Илинденскиот марш е најголемата и најзначајната културна манифестација во Аеродром.

 

 

Оцени ја веста

07.07.2015 - 10:01
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа