Еве кои лаги ги доведоа Грците во криза

Нема да поверувате што се не правеле Грците за да дојдат до некое евро плус.

Според книгата на новинар од „Wall Street Journal“, Грција пропаѓа поради длабоката корупција, која се практикувала години наназад, пренесува српски Блиц.

На прашањето Како пропадна Грција, Џејмс Ангелос ги дава следниве забелешки:

1. Остров на слепите

Сигурно знаете колку убав остров е Закинтос, но не ни претпоставувавте дека тој важи за остров на слепите. Од вклупно 680 жители кој ги има, 498 се заведени како слепи, поради бројните бенефиции кој ги добива таа категорија на луѓе во Грција. Да се биде слеп кај нашиот јужен сосед значи да се добива помош 724 евра секој втор месец, како и попуст на други работи.

2. Лажни инвалиди

Грчкото министерство ги повикало на преглед голем број на пријавени инвалиди за да се утврди дали навистина се инвалиди. Од сите повикани, дури 36.000 лица воопшто не се јавиле на повикот, па пензијата им ја одзеле, пишува Ангелос во неговата книга.

3. Малверзација со пензиите

Во системот забележале сомнителна цифра од 8.500 пензионери кои се над 100 години, а кога го прочисиле пензискиот систем откриле 40.000 лажни пензионери.

4. Сиромашна земја со многу богати луѓе

Во Грција има 5.000 луѓе кои заработуваат над 90.000 евра годишно.

Поради сето тоа, Ангелос тврди дека Грција годишно губи по 20 милјарди евра.

 

 

Оцени ја веста

07.07.2015 - 10:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега