Македонија на страниците на Њујорк Тајмс

Џим Џонсон од „Бајк турс дајрект“ беше толку импресиониран од македонската култура и глетките во Македонија што тој работеше со „Рајд Маседониа“, локален трговец, за да ја развие „Откриј ја Македонија“ Discover Macedonia, деветдневна тура со умерено возење велосипед и пешачење. Првата, сега веќе распродадена, почнува на 25 август; втората на 23 септември. Трошокот е 1.010 ЕУР по лице, околу 1.093 американски долари. („Бајк турс дајрект“ не работи со турите, туку застапува оператори во повеќе од 70 земји). - пишува угледниот Њујорк Тајмс

„Ако отидете во Македонија таму ќе видите села каде луѓето таму живеат со генерации“. – вели Г. Џонсон

Најзначаен дел е Охрид, град под заштита на Унеско и една од европските најстари населби што датира од пред 5.000 години. Другите места вклучуваат национални паркови, подалечни села и Скопје, главниот град.

 

Г. Џонсон ќе се приклучи на првата тура како патник.
 „Бидејќи тоа е нова земја и сѐ уште мошне непозната, моето присуство таму ќе им даде мир на нашите клиенти“, вели тој. „Но, и јас одвај чекам да одам“. 

 

 

Оцени ја веста

07.07.2015 - 11:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега