ВИДЕО: Железничкиот сообраќај ќе биде побогат за уште еден воз - еве што ќе пристигне во Македонија

Следниот месец во Македонија ќе биде испорачан првиот од шесте патнички возови што за „Македонски железници – транспорт“ – Скопје ги произведува кинеската компанија ЦРРЦ.

Новата електромоторна патничка гарнитура денеска беше промовирана во фабриката на компанијата во градот Џуџо пред македонска делегација предводена од министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски.

Возот е со три вагони со капацитет од 200 патници и можност за брзина до 160 километри на час, јави известувачот на МИА. Од ЦРРЦ, Македонија набавува уште една електромоторна и четири дизел гарнитури, кои, според министерот Мисајловски, треба да пристигнат до јануари следната година.

 

 

Првиот ултрамодерен воз за македонските пруги.

Posted by Vlado Misajlovski on вторник, 7 јули 2015

 

 

Оцени ја веста

07.07.2015 - 12:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега