„Вестерн унион“ повторно ќе дава услуги во Грција, со максимално подигање од 60 евра дневно

Компанијата „Вестерн унион“, која се занимава со електронско префрлање на пари, повторно ќе почне да дава свои услуги во Грција, што ќе им овозможи на клиентите да добиваат финансиски средства од странство.

Од компанијата соопштуваат дека, иако целата сума ќе му биде префрлена на сопственикот на сметката, корисниците ќе можат да подигнат само 60 евра дневно, што е согласно мерките на грчката Влада за контрола на капиталот.

„Вестерн унион“ на 29 јуни соопшти дека ќе ги затвори своите филијали во Грција на седум дена.

 

 

Оцени ја веста

07.07.2015 - 18:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега