Над 1.500 полицајци ќе се грижат за безбедноста на Меркел утре во Тирана

Албанската полиција попладнево ги објави мерките кои ги презема за гарантирањето на редот и безбедноста за утрешната посетата на германската канцеларка Ангела Меркел.

 За безбедноста на Меркел се преземени идентични мерки како и за посетата на Папата Франциско на 22 септември лани, како и на српскиот премиер Александар Вучиќ на 27 и 28 мај годинава.

Тоа значи дека за безбедноста ќе се грижат над 1.500 полициски службени од сите сектори, припадници на гардата, а албанската метропола беше надлетувана со полициски хеликоптери.Ќе биде заpрен сообраќајот низ неколку улици како и паркирање возила на многу улици низ градот.

Меркел и нејзиниот домаќин, албанскиот премиер Еди Рама ќе имаат заедничка прес конференција. И двајцата ќе се обратат на германско албанскиот економски форум, што почнува во 12 часот. Канцеларката Меркел ќе има одвоена средба и со шефот на албанската држава,Бујар Нишани.

Посетата на Меркел ќе биде втора на еден германски канцелар на Албанија по 1999 година, кога Тирана ја посети канцеларот Герхард Шредел, 12 години по воспоставувањето дипломатски односи меѓу Сојузна Република Германија и Албанија.

 

 

Оцени ја веста

07.07.2015 - 20:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега