Учество на пратеникот Џеват Адеми на ПС на Франкофонијата

Пратеникот Џеват Адеми,  претседател на Секцијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Франкофонијата ќе учествува на 41. годишна сесија на Парламентарното собрание на Франкофонијата (ПСФ), што се одржува од 7 до 10 јули 2015 година во Берн, Швајцарија. 

На оваа сесија на Парламентарното собрание на Франкофонијата, ќе учествуваат делегации на  79 секции на земји и региони, членки на ПСФ.

Паралелно со одржувањето на оваа сесија, соопшти денеска собраниското Одделение за односи со јавноста, се одржува и 7. сесија на Парламентот на младите франкофони на Парламентарното собрание на Франкофонијата.

„Охрабрување на пристапот до квалитетна обука за сите - приоритетен предизвик за Франкофонијата”, е темата за дебата на сесијата, а ќе се разгледуваат и извештајот на парламентарниот генерален секретар на ПСФ Паскал Терас, извештаите на комисиите на ПСФ. Највено е и усвојување на предлог-резолуции и препораки, како и други прашања поврзани со соработката меѓу парламентите од франкофонските земји.

 

 

Оцени ја веста

08.07.2015 - 09:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега