МВР: Уапсен Сулејман Османи во Косово
МВР доби известување од косовската полиција дека вчера во село Летниче кај Витина е уапсен Сулејман Османи од селото Бреза, осомничен за учество во настаните во Куманово во мај годинава, а кој и побегна на полицијата кога им го пакажувал местото каде што било скриено оружјето.
Од МВР за МИА потврдија дека косовската полиција постапила по меѓународна потерницата издадена од Македонија, а веќе е потврден и идентитетот на лицето.
Според косовската полиција, како што објавија косовските медиуми, во куќата на Османи пронајден е дел од оружјето украдено за време на нападот на караулата во Гошинце.
Портпаролот на косовската полиција Баки Келани информира дека кај осомничениот е пронајден и одземен и ТТ пиштол со муниција, а целата акција полицијата ја спровела во координација со надлежен јавен обвинител.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа