Потресна исповед: Светлана проговори што и се случувало додека била во пламен

Потресна исповед на Светлана Урошевиќ од Србија за „Наше новине“ која преживеа невиден хорор.

Сопругот на 45-годишната жена, во јануари, зел бензин, ја полил и ја запалил, по расправија.

„Тој ден кога дојде од работа го затекна соседот во нашиот стан. Полуде од љубомора бидејќи мислеше дека му седам во скутот. Тогаш започна да ме удира по главата“, раскажува Светлана која додаде дека потоа ја однел кај нејзините синовите во станот.

„Неколку саати подоцна се врати и заѕвони на вратата. Кога му отворив во раката носеше бензин. Тогаш беше доцна. Не стигнав да реагирам бидејќи ме полиј. Додека да сфатам што се случува, зеде запалка и моето тело беше во пламен“, се сеќава несреќната жена, која во тој момент се затрчала во купатилото, го зела тушот и се поливала со вода.

За среќа Светлана останала жива, а Радиша, кој всушност е очув на нејзините деца, е уапсен.

 

 

Оцени ја веста

08.07.2015 - 10:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега