Во Гевгелија во тек повеќе инфраструктурни проекти

Градоначалникот на Гевгелија Иван Франгов денеска направи обиколка на неколку локации во градот и општината каде што во моментот се реализираат изведбените работи во рамки на програмките активности за 2015 година.

Франгов ги надгледа работите на новиот градски пазар каде што според планираната динамика моментно се монтира третата хала, беше во обиколка на Милетково каде што се гради армираниот бетонски пропуст на патот кон Габровска брана, а го посети и локалниот пат кон планинското село Ума каде во тек е чистењето на канавките и остатоците од одроните.

- Задеоволен сум од текот на работите кои се одвиваат според утврдената агенда. Покрај ова во финална фаза е реконструкцијата на Пионерскиот дом во Гевгелија, а по средувањето на патот кон Ума, во наредните денови ќе се средуваат и руинираните улици во планинското одморалиште Смрдлива вода, рече Франгов.

Гевгелискиот градоначалник ја посети и улицата „Мицо Шаренков“ каде има пропаѓање на асфалтот на новоизградената атмосферска канализација од последните обилни врнежи и ги информира жителите дека побарал од изведувачот на работите во наредните неколку дена ситуацијата да биде санирана.

 

 

Оцени ја веста

08.07.2015 - 13:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега