Груевски: Наскоро изградба на нови десетина спортски сали

Спортските училишни сали се градат според утврдената динамика, истакна денес премиерот Никола Груевски.

-Досега 78 сали се завршени и пуштени во употреба. Тринаесет се во градба, од кои шест ќе бидат готови во наредните 4-5 месеци, а се подготвуваме за почеток на градба на уште десетина нови спортски сали. За нив се изготвува потребната документација и наскоро ќе почнат да се градат, посочи Груевски.

Премиерот додаде дека динамиката за изградба се одвива одлично и преку Министерството за образование и наука и преку Агенцијата за млади и спорт која од Владата добила обврска за уште шест сали.

 

 

Оцени ја веста

08.07.2015 - 15:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега