Заев уште еднаш докажа дека прави уцена врз државата

Денес уште еднаш се докажа дека Заев и СДСМ ги користат лепените и креирани снимки за класична уцена врз државата и нејзините интереси.

Преку создавање и долготрајно оддржување на политичката криза сакаат негативно да влијаат на растот на економијата и отворањето на нови работни места. На тој начин, тие прават штета и на државата и на секој еден граѓанин во Република Македонија.

СДСМ и нејзиниот лидер ја докажаа деструкцијата кон сопствената земја и сопствениот народ и покажаа дека им се важни само личните и партиски интереси и желбата да дојдат на власт без да добијат поддршка од граѓаните на избори.

И покрај јасните пораки од народот и од претставниците на меѓународната заедница, со денешната постапка Заев и неговата партија повторно ја потврдија политичката неодговорност.

Опозицијата на чело со Заев вложува се за да не се постигне договор, бидејќи нивниот вистински страв се договорените избори во април од кои сакаат да се спасат и побегнат.

Иако е нетипично за било која опозиција да бега од избори, тие знаат дека имаат слаба поддршка, односно политичките бомби и нивното деструктивно однесување не наидува на било каква поддршка од граѓаните, кои пак поддржуваат проекти, работа и конкретни чекори, наместо протести, неосновани напади, агресија и рушење на институциите.

Дополнителен страв кај Заев денеска предизвика и објавената анкета на американскиот Интернационален републикански институт, според која ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од двојна предност пред СДСМ.

 

 

Оцени ја веста

08.07.2015 - 20:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа