Возачите „летаат" по улиците - четворица повредени во Скопје

На подрачјето на Град Скопје во изминатите 24 часа се случиле четири сообраќајки од кои три со последица материјална штета, а во една со полесни повреди се здобиле двајца возачи и двајца сопатници.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени се 11 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, шест возачи кои возеле под дејство на алкохол, осум возачи кои поминале на црвено светло и осум возачи кои користеле мобилниот телефон за време на возењето. Санкционирани се и 20 пешаци кои сториле прекршок по различни основи.

Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 62 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска, Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај ќе одржи сообраќајна поука со почеток во 19 часот во просториите на Полициската станица од општа надлежност Гази Баба на која ќе присуствуваат граѓани кои сториле сообраќајни прекршоци како возачи на мопеди и мотоцикли.

За денеска се најавени и едукативни работилници во рамки на проектот „Сообраќајна култура за децата во предучилишни установи“ во детската градинка „8 Март“, објект „Зеленика“ во Зелениково.

Поради меѓународниот натпревар меѓу ФК Работнички и ФК Флора од Естонија во рамки на Лига на Европа што ќе се одржи вечерва на арената „Филип Втори Македонски“ ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување и пренасочување на сообраќајот.

 

 

Оцени ја веста

09.07.2015 - 09:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега