Кои населби ќе бидат без струја?

Корисниците од селата Побожје, Долно Коњаре, Средно Коњаре, Дивље, Сушица и Живиње утре од 10 до 14 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 8:30 до 13:30 часот без струја ќе бидат и корисниците од село Батинци и дел од село Љубош, а од 10 до 12 часот и корисниците од објектите кај езеро Матка во националниот парк Јасен.

Во периодот од 9 до 15 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат и корисниците од дел од село Визбегово, објектите во близина на клучката Визбегово и Качанички Пат, додека од 8:30 до 14:30 часот без струја ќе бидат корисниците од село Љуботен.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето  технички зафати во електро-системот од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.

 

 

Оцени ја веста

09.07.2015 - 10:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега