Анкетата на ИРИ направи паника во опозицијата: СДСМ мора да ги спречи изборите во април

Страв и паника предизвикала вчерашната анкета на Американскиот републикански институт (ИРИ) во опозициските редови. Серијата бомби, 6 месечната криза, како и шаторите пред Владата воопшто не го помрднаа рејтингот на опозициската партија.

ВМРО-ДПМНЕ и натаму ужива голема поддршка кај граѓаните, а во споредба со СДСМ рејтингот е и натаму повеќе од двојно повисок.

Анализата на ИРИ покажува дека доколку утре се одржат избори, за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 23% од анкетираните граѓани, наспроти 11% кои би го поддржале СДСМ.

Слична е состојбата и во рејтингот на политичките лидери. Груевски и натаму има убедлива предност пред опозицискиот лидер. Соодносот меѓу е 18% наспроти 7% во корист на Груевски

Експертите велат дека ова е силна порака за Зоран Заев дека е крајно време да собере квалитетен тим кој ќе излезе со конкретни проекти пред граѓаните бидејќи народот во Македонија скоро 10 години на избори гласа „за“ а не „против“

Партиски извори велат дека Заев пред членството се правдал дека анкетата не е релевантен одраз на расположението на граѓаните, на што му било реплицирано дека ИРИ е угледен институт и дека овие податоци треба сериозно да се земат предвид. Лидерот на СДСМ бил предупреден дека лошите проценки за расположението на гласачи ја чинеа СДСМ неколку изборни порази од кои најтежок беше последниот кога анкетата на агенцијата Рејтинг им предвиде победа на Стево Пендаровски на претседателските избори а на изборниот ден тој доживеа невиден дебакл.

Соочен со катастрофалните резултати, кога вчера ја видел анкетата на ИРИ, партиски извори велат дека Заев побрзал да закаже прес конфернеција на која ќе се повлече од преговарачкиот процес со посредство на САД и ЕУ, бидејќи бил свесен дека во април, следи нов изборен дебакл по кој опозицискиот лидер ќе мора да се повлече од политичката сцена а и да се справи со серијата кривични пријави за корупција и други тешки кривични дела кои против него ги поднесе Јавното Обвинителство

 

 

 

 

Оцени ја веста

09.07.2015 - 12:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа