Невреме во кривопаланечко

Во попланевните часови во кривопаланечкото подрачје денеска имаше краткотрајно невреме.

За време од четири минути го зафати пороен дожд, грмежи и град со големина од 1 см придружен со силен ветер со брзина околу  65 километри на час.

Како што соопшти УХМР, до 17 часот во тоа подрачје измерени се 16 литри воден талог на метар квадратен.

До крајот на денот локално ќе има нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северозападен правец.

 

 

Оцени ја веста

09.07.2015 - 18:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега