Во Битола започна асфалтирањето на улицата Довлеџик

Влезот на Битола од страната на Охрид  добива нов лик.

Во тек е асфалтирањето на улицата Довлеџик, односно завршува втората фаза од целосната реконструкција на истата, чија вредност е околу 7.5 милиони денари.

dovledzik-2

-Според проектот должината на целата интервенција досега е околу еден километар, а во случајов се работи за фаза која ќе се приврши со 300 метра кои што се асфалтираат во моментов. Проектите ги поделивме во неколку фази, како што беа кружниот тек, потоа првата фаза на Довлеџик, сега ова е втора и трета фаза, а во иднина имаме план да го дозавршиме овој дел до мостот, а после мостот да направиме еден убав кружен тек. Во последниот дел навистина е неопходно да се регулира поради безбедноста во сообраќајот, изјави градоначалникот Владимир Талески.

dovledzik-10

 Уличното осветлување е во вредност од 5 милиони денари, а инвестицијата за целиот овој проект само за асфалтирањето е 35 милиони денари.

 

 

Оцени ја веста

09.07.2015 - 18:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа