Трето вонредно авионско прскање против комарци во Велес

Општина Велес утре ќе спроведе трето - вонредно авионско прскање против комарци. Акцијата следи по бројните реакции на граѓаните на Велес  деновиве, за наезда од комарци и болни каснувања со отоци по телото.
 
Како што информира за медиумите Дуњамин Мехмед  од службата за информирање на Општина Велес, третото вонредно третирање против комарци ќе се спроведе утре изутрина од 5.00 до 8:00 часот и ќе го опфати целото градско и приградско подрачје, реката Вардар по целото течение на овој потег, како и рекреативниот центар Езеро „Младост“ со непосредната околина.
Од општината апелираат до пчеларите дека во времето на третирање и неколку часа потоа, треба да ги затворат кошниците со пчели, заради безбедноста на пчелните семејства.
 
Во случај на врнежи, прскањето ќе биде одложено за наредниот ден, информираат од општината. 
 

 

Оцени ја веста

09.07.2015 - 19:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега